Турскиот претседател Ердоган на 13-ти мај во посета на Албанија

Од:

Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган на 13 мај ќе допатува во официјална посета на Албанија, придружуван од група бизнисмени, јави дописникот на МИА.

Посетата се остварува точно по една година, кога најавената посета на Ердоган за 13 мај 2014 беше одложена поради рударската несреќа во Турција, во која загинаа 200 рудари.

За време на престојот во Тирана, Ердоган ќе има одвоени средби со неговиот колега Бујар Нишани, како и со премиерот Еди Рама а ќе учествува и на бизнис форум.

Веднаш по преземањето на мандатот, премиерот Рама ја прогласи Турција за стратешки партнер на Албанија.

За време на учесвото на еден бизнис форум во Истанбул, Рама ги повика турските инвеститори да вложуваат во Албанија, посебно во областа на туризмот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“