Турскиот авион паднал по грешка на пилотот?

Од:

Британскиот весник „Телеграф“ пишува дека турските обвинувања за паднатиот авион соборен од сириските сили се неаргументирани, бидејќи резултатите од тестовите покажале дека нема траги од експлозив на остатоците од авионот.

Според „Телеграф“ овие резултати му дадоа ново светло на инцидентот, кој предизвика огромна дипломатска криза меѓу двете земји, а Турција веќе по целата должина на границата со Сирија има поставено ракетно оружје.

Сирија призна дека таа го срушила авионот, при што загинаа и двајцата пилоти, со проектил од типот земја-воздух, а претседателот Башар ал Асад се извини за инцидентот посочувајќи ја причината за него односно авионот бил срушен затоа што влегол во сирискиот воздушен простор.

Весникот пишува дека турските власти избегнуваат да велат дека Сирија го срушила авионот, наместо тоа велат „Нашиот авион за кој Сирија призна дека го сруши“.

Истрагата утврдила дека авионот паднал поради човечка грешка што ја направиле пилотите при обидот да маневрираат и да го избегнат нападот.

„Подобро е да не носите различни заклучоци, а како доказ за тоа да ви служат различните нијанси поврзани со инцидентот. Турскиот авион беше соборен и сириската влада рече дека таа тоа го направи“, изјави портпарол на турската влада Булент Аринч за „Телеграф“.

Би можело да ве интересира

Турската полиција го уапси и адвокатот на Имамоглу

Горан Наумовски

1.900 лица приведени во Турција за време на протестите против апсењето на Имамоглу

(ВИДЕО) Полицијата уапси 43 демонстранти во центарот на Истанбул

Ердоган: Држат лекции за човекови права, но молчат за грозоморните убиства во Газа

Предраг Петровиќ

Ривалот на Ердоган, Имамоглу, во истражен затвор до судењето

ВИДЕО: Уапсениот градоначалник на Истанбул денеска пред суд, масовните протести продолжуваат