Турски воздушни удари врз позициите на Курдите во Ирак

Од:

Турските воени авиони ноќеска ги нападнале курдските позиции во северен Ирак, за британските медиуми изјави турски безбедносен извор.

Турското Министерство за одбрана потврди дека нивните авиони почнале операција во различни ирачки северни региони, како одговор на зголемениот број напади врз турските воени бази.

„Почна операцијата ’Орлови канџи’. Нашите авиони уништуваат пештери врз главите на терористите“, соопшти Министерството на Твитер.

Британските медиуми наведуваат дека воените авиони полетале од разни бази во Турција, особено од југоисточните градови Дијарбакир и Малатија, и ги погодиле логорите на Курдската работничка партија (ПКК) во Ирак, вклучувајќи го и планинскиот регион Кандил, каде што е седиштето на оваа организација.

Министерството за одбрана подоцна соопшти дека биле нападнати упориштата на ПКК во Кандил, во близина на границата со Иран, како и подрачјето на Синјар, Зап, Авасин-Басијан и Хакурк.

Ова е последен во серијата напади на турската војска врз позициите на ПКК, левоориентирана паравоена организација, која е во вооружен судир со Турција од 1984 година. Во конфликтот досега се убиени повеќе од 40.000 лица, главно во југоисточна Турција.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул

28 патници се повредени при превртување на автобус во Турција

Клучните сообраќајни правци во Истанбул се затворени поради засилени безбедносни мерки

Ердоган: Турција и Италија ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката во областа на одбранбената индустрија

Закрепнуваат Мартин и Борис, последните двајца од повредените во пожарот во Кочани кои се лекуваат во Истанбул