Турски војник загина синоќа во напад на бунтовници од Курдската работничка партија (ПКК) против полициска станица во реонот на Бејтјушебап во округот Сирнак, југоисточна Турција, објави „Хуриет дејли њуз”.
Турските сили за безбедност веднаш одговорија на нападот, при што беа повредени тројца војници, по што едниот од нив подоцна почина во болница. Турската армија презеде голема операција во регионот за фаќање на напаѓачите.
Вкупно 55 турски војници загинаа при терористичини напади во Турција за последниот месец, а турските безбедносни сили убија 771 бунтовници од ПКК при операции во земјата и при воздушни напади против базите на терористичката организација во северен Ирак, покажуваат официјалните податоци.