Турски воени авиони ги гаѓаа позициите на курдските милиции во Ирак и северна Сирија

Од:

Турски воени авиони ги ракетираа позициите на курдската милиција, вклучително и кампови за обука, засолништа и складишта за муниција во Ирак и северна Сирија, соопшти денеска турското Министерство за одбрана, пренесе ДПА.

Авионите што учествувааа во овој напад на областите Дерик, Синчар и Карачак, по завршувањето на задачата се вратиле во своите бази, додаде агенцијата.

Британските медиуми јавуваат дека нема податоци за жртви и материјална штета предизвикана во овие напади на турските воздухопловни сили.

Турскиот министер за одбрана, Хуласи Акер, за ДПА изјави дека во операцијата „целосно се уништени засолништата, гнездата, пештерите на терористите“.

Според него, слични рации ќе продолжат „до неутрализирање на последниот терорист“.

Во соопштението на Министерството за одбрана се наведува дека воздушната операција била насочена кон единиците на Курдската работничка партија (ПКК), која има бази во Ирак, како и врз Сириската курдска милиција ИПГ, која Турција ја смета за терористичка организација.

Извор:МИА

Би можело да ве интересира

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул

28 патници се повредени при превртување на автобус во Турција

Клучните сообраќајни правци во Истанбул се затворени поради засилени безбедносни мерки

Ердоган: Турција и Италија ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката во областа на одбранбената индустрија

Закрепнуваат Мартин и Борис, последните двајца од повредените во пожарот во Кочани кои се лекуваат во Истанбул