Турски научници разработуваат компјутерски систем што ги чита мислите

Од:

Турски научници работат на проект, финансиран од „Гугл“ за компјутерска програма, која ги чита мислите на луѓето, објави весникот „Туркие“.

Проектот е разработен од професор Фатош Вурал, кој предава компјутерско инженерство на Блискоисточниот технички универзитет и доцент Илке Јозтекин од катедрата по психологија на универзитетот Коч.

Системот ги запишува мозочните сигнали на човекот и компјутерот има за цел да ја одгатне човечката мисла, користејќи определен мисловен модел.

Со мозочните сигнали потоа машината треба да го прецизира она што во моментот поминува низ главата на човекот, додава весникот.

Системот може да распознава и конкетни објекти, за кои човек се сеќава – животни, облека. Во оваа етапа процентот на одгатнување е 80 отсто.

Би можело да ве интересира

Турската полиција го уапси и адвокатот на Имамоглу

Горан Наумовски

1.900 лица приведени во Турција за време на протестите против апсењето на Имамоглу

(ВИДЕО) Полицијата уапси 43 демонстранти во центарот на Истанбул

Ердоган: Држат лекции за човекови права, но молчат за грозоморните убиства во Газа

Предраг Петровиќ

Ривалот на Ердоган, Имамоглу, во истражен затвор до судењето

ВИДЕО: Уапсениот градоначалник на Истанбул денеска пред суд, масовните протести продолжуваат