Турски „Бајкар“ ќе испорачува дронови за Кувајт во вредност од 370 милиони долари

Од:

Турската компанија „Бајкар“ планира да достави одреден број вооружени дронови во Кувајт, како дел од договор вреден 370 милиони долари, соопштија денеска претставници на компанијата.

Меѓународната побарувачка за беспилотните летала „Бајрактар ТБ2“ на Бајкар се зголеми откако беа користени во конфликти во Сирија, Либија и Азербејџан, а интересот дополнително скокна откако украинската војска ги употреби во борбата против руските сили.

„Со Министерството за одбрана на Кувајт е потпишан договор вреден 370 милиони долари за извоз на беспилотни летала ’Бајрактар ​​ТБ2’“, соопштија претставници на „Бајкар“ без да прецизираат за колку беспилотни летала станува збор и кога ќе бидат испорачани во Кувајт.

„Бајкар“ победи на тендерот, во конкуренција на повеќе компании од Америка, Европа и Кина, во процес што трае од 2019 година, се наведува во огласот. Се додава дека со Кувајт, бројот на земји кои потпишале договори за купување на беспилотни летала „Бајкар“ е зголемен на 28.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Закрепнуваат Мартин и Борис, последните двајца од повредените во пожарот во Кочани кои се лекуваат во Истанбул

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски