Турската жандармерија пресретна стотици бегалци близу границата со Грција

Од:

Турските безбедносни сили денеска пресретнале неколку стотици бегалци, во најголемиот број Сиријци, кои се движеле кон границата на Турција со Грција, со што се создава ново потенцијално место за ескалација на бегалската криза во Европа.

Припадници на турската жандармерија ги пресретнале бегалците, меѓу кои има и голем број жени и деца, во близина на Едрене, на околку 30 километри од границата со Грција.

Бегалците изјавиле дека нивна цел е да влезат во Грција, каде што сметаат дека би имале подобри услови за живот отколку во Турција.

Од избувнувањето на граѓанската војна во Сирија, околку два милиони Сиријци најдоа засолниште на територијата на Турција, добивајќи статус на бегалци. Но, лошите услови во кои живеат во бегалските кампови, натераа голем број сириски бегалци да се обидат да заминат кон западна Европа, користејќи несигурни пловила со кои сакаат да дојдат до грчките острови во Егејското Море.

Пресретнувањето на бегалците крај Едрене укажува дека тие сега би можеле да се обидуваат да заминат од Турција во Грција и по копнен пат, со што би се создала нова копнена рута за движење на имигрантите и потенцијално нова бегалска криза на турско-грчката граница.

Најмалку 22 лица загинаа денеска, кога бродот на кој се наоѓале потона во водите на Егејското Море во близина на турскиот брег.

Би можело да ве интересира

Пронајдени тела на четворица мигранти, спасени 52 лица во близина на брегот на Тунис

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ