Турската Влада бара ПКК да го остави оружјето за да се даде нов поттик на мировниот процес

Од:

Турската Влада од бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК) бара да го остават оружјето за да се даде нов поттик на мировниот процес, што почна пред две години, пренесоа француските медиуми.

-На следната Невруз (курдска Нова година, што се слави на 21 март) треба да има нов повик за предавање на оружјето и за целосно запирање на активностите против Турција, изјави турскиот вицепремиер Јалчин Акдоган во интервју за телевизијата „А Хабер“ .

„Треба да има повик што ќе дозволи почнување на нова фаза од разоружувањето“, подвлече Акдоган.

Тој посочи дека за процесот повторно да се придвижи нанапред потребна е нова јасна порака.

Властите во Анкара во текот на есента 2012 година почнаа преговори со лидерот на ПКК, Абдула Оџалан, кој се наоѓа на издржување доживотна затворска казна на островот Имрала, за да се обидат да го решат курдскиот конфликт, што од 1984 година до сега го однесе животот на приближно 40.000 лица.

Во пораката што беше прочитана на 21 март 2013 година, Оџалан го прогласи примирјето, кое од тогаш генерално се почитува.

Би можело да ве интересира

ПКК ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Анкара

Горан Наумовски

Шведска го екстрадираше во Турција Махмут Тат, осуден за членство на ПКК

Блинкен: За смртта на турските заложници во Ирак се одговорни „терористите на ПКК“

Жарко Настоски

Во Турција уапсени 418 лица поради поврзаност со ПКК

Ана Ололовска

Четворица загинати во судири меѓу турската армија и борци на ПКК

Ана Ололовска

Германија забрани две групи поради сомнеж за врски со ПКК

Ана Ололовска