Турската прокурдска Демократска партија на народите (ДПН) денеска ги повика борците од Курдската работничка партија (ПКК) да го продолжат примирјето, а Владата на Ахмед Давутоглу да покаже добра волја и да соработува за мирот во земјата, запирајќи ги воените и полициски операции, пренесоа британските медиуми.
ДПН, заедно со другите прокурдски групи, повикот го упати преку соопштение што беше лиферувано по заседанието на кое беше направена оценката на резултатите од неделните избори, во кои Партијата на правдата и развојот (АКП) го врати еднопартиското мнозинство во Парламентот.