Турската полиција апси газди на градежни компании чии згради се урнаа во земјотресот

Од:

Турската полиција денеска уапси деветмина од вкупно 11 сопственици на градежни компании што ги граделе зградите кои се урнаа во земјотресот во петокот.

Управата за вонредни состојби соопшти дека во земјотресот загинале најмалку 90 луѓе, а повредени се 994 лица.

Од под урнатините се спасени 105 лица, меѓу кои и тригодишното девојче Елиф Перинчек, кое било затрупано повеќе од 65 часа, a камерите го забележаа моментот кога спасувачите успеаја да го извлечат од под урнатата зграда.

Министерот за животна средина и урбанизам на Турција, Мурат Кузум, изјави дека бројот на регистрирани значајно оштетени и урнати објекти во земјотресот се искачил на 58.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Силен земјотрес го погоди островот Јава

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес во Србија

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос