Турците и Американците заедно по албанската нафта и гас

Од:

„Ескалера Интернешнл“, подружница на “Ескалера Рисорсис“ соопшти дека потпишала меморандум за разбирање за влез во заедничко претпријатие со “АОР Албаниан Рафинерис”, со цел купување на изворите со нафта и гас во Албанија, јави дописникот на МИА од Тирана.

Заедничкото претпријатие ќе биде во рамноправна сопственост на двете страни и е субјект на одобрување од двете страни, стои во соопштението за јавноста на „Ескалера Интернешнл“.

Компанијата ги наведува резултатите од спроведената студија од страна на “Густавсон Асосиатес” во 2008 година, според која се верува дека северниот дел на Албанија располага со резерви на 2.700 милијарди кубни метри природен гас и 198 милиони барели нафта.

– Оваа алијанса со Ескалера е мошне значајна и за Албанија, бидејќи со нашите инвестиции ја поддржуваме заедницата, изјави Нејат Боцнак, заменик-директор на „Албаниан Оил Рафинерис”.

Боцнак претходно беше член менаџментот на турската компанија „Курум“, позната по инвестиции во металургијата, но од неодамна и по купувањето на неколку хидроцентрали.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек