Турција забрани пушење на јавни места, за граѓаните да не ги вадат маските

Од:

Во уште една вест која покажува до која мера пандемијата го менува светот во кој го живееме, Турција денеска забрани пушење на јавни места со цел да го забави ширењето на коронавирусот.

Турското Министерство за внатрешни работи наведува дека пушењето се забранува, за граѓаните да бидат обврзани да не ги вадат заштитните маски на отворено за да пушат цигари, јавува Дејли Сабах.

„Со цел да се осигура дека маските се носат на вистински начин, стапува во сила забраната за пушење на отворено. Ова се однесува на улиците и булеварите каде што протокот на луѓе на дневно ниво е голем”, додава Министерството.

Министерот за здравство Фахретин Коџа вчера ги замоли граѓаните да ги носат маските правилно, над носот, и да оддржуваат физичка дистанца.

„Ве молам, само направете го она што можете. Ништо повеќе од тоа”, напиша Коџа на Твитер.

На почетокот на оваа недела беше воведен полициски час во Истанбул и Анкара за лица постари од 65 години, на кои им е забрането да излегуваат на улица од 22 до 4 часот наутро.

Бројот на новозаразени во Турција се зголемува од ден на ден, па денеска се регистрирани 2.693 нови случаи. Но, властите ги евидентираат само лицата со симптоми, па според стандардите на останатите земји, кои ги бројат позитивните тестови, во Турција бројката би била далеку поголема.

Би можело да ве интересира

Турскиот музеј прогласен за најдобар во светот

Најмалку пет лица загинаа во експлозија на гас во Измир, повеќе од 60 се повредени

(ВИДЕО) Eксплозија во Турција, четири лица загинаа, над 20 се повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шумски пожари во Турција: Евакуирани гости на два хотели во областа Кушадаси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција во хаос: Мртви и повредени во големи пожари

Предраг Петровиќ

Најмалку пет лица загинаа во шумски пожари во Турција