Турција за признавањето на Ерменскиот геноцид од страна на Бајден: Неприфатливо е да се политизира историјата

Од:

Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар ја критикуваше изјавата на американскиот претседател Џо Бајден дека масовното убивање на Ерменците во 1915 година претставува „геноцид“.

Тој истакна дека забелешките на Бајден не се ништо друго освен отфрлање и извитоперување на историските факти.

Според него, „извлекувањето на непријателство од историјата и создавањето ново се неприфатливи и бескорисни“.

– Политизацијата на историјата може да има сериозно негативно влијание врз билатералните односи и регионалната безбедност, предупреди Акар.

Тој нагласи дека Турција отсекогаш го застапувала тезата дека настаните од 1915 година се работа на историчарите, а не на политичарите. Според Акар, американската администрација не ги проверила историските документи и архивите за ова прашање под притисок на одредени политички сили и ерменската дијаспора.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски