Турција покажува големи вселенски амбиции – сака возило на Месечината, и тоа со сопствена ракета

Од:

Турција има план да испрати ровер на Месечината, и тоа со помош на ракетен мотор од домашно производство, кој првпат ќе биде лансиран во контролна мисија во 2023 година.

Според Сердар Хусеин Јилдирим, претседателот на Турската вселенска агенција (ТУА), роверот потоа ќе биде лансиран во 2028 или во 2029 година и ќе собира податоци од површината на Месечината за научни цели.

Ракетата со која е планирано да се лансира возилото ќе биде од турско производство, а ќе користи хибриден мотор кој во моментов се развива во земјата.

„Имаме намера да употребиме сопствен мотор за да стигнеме до Месечината, но најпрво ќе го доведеме вселенското летало во ниската земјина орбита со меѓународна помош“, изјави Јилдирим.

Турската национална вселенска програма, објавена во февруари годинава, предвидува и воспоставување на турска вселенска станица и развој на домашен регионален сателитски систем за позиционирање.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Американски приватен вселенски брод слета на Месечината

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

Драма во вселената: „Заглавената“ астронаутка заборави да оди

А1он

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски