Турција наскоро очекува туристи, посебни мерки за хотелите и рестораните

Од:

Турција воспоставува посебни хигиенски мерки за да се подготви за враќање на туристите, изјави денеска турскиот министер за култура и туризам Мехмет Есрој.

Тој дополни дека чекор по чекор, до крајот на мај, ќе бидат укинати ограничувањата за патување во рамки на државата, а постепено ќе се воведуваат и меѓународни летови.

Владата развила програма за издавање сертификати за хотели и ресторани, кои ќе мораат да ги задоволат строгите критериуми. Есрој прецизира дека има вкупно 132 критериуми, кои вклучуваат почитување на хигиенски услови и физичка дистанца. Вработените, исто така, ќе мора да бидат обучени за спречување на ширењето на инфекцијата. Се укинува самопослужувањето со храна и пијалаци. Владата, исто така, објави попис на болници со нивните капацитети, кои ќе бидат достапни во популарните туристички дестинации.

Туризмот е значен дел од турската економија, а пред пандемијата, турските власти за годинава очекуваа 58 милиони гости. Есрој вели дека коронавирусот во Турција е под контрола и дека земјата може да очекува 63 милиони туристи во 2021 година.

Би можело да ве интересира

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ