Турската исламско-конзервативна влада соопшти дека до парламентот поднела предлог да и овозможи на војската на Турција да интервенира против џихадистите на Исламска држава во Ирак и Сирија.
Предлогот кој за една година треба да ги продолжи мандатите кои турската војска веќе ги има, предвидува и можност од изведување на воени операции на територијата на двете држави, кои се граничат со Турција и стационираат странски борци низ државата, рече портпаролот на владата, Булент Аринц и додаде дека текстот ги опфаќа сите опции.
-Ќе одобрат сеопфатен мандат, така што во иднина нема да ни треба нов предлог. Тоа е добар предлог и се надевам дека ќе наиде на едногласно одобрување -изјави тој.
Документот всушност и овозможува на Анкара да прави се, со цел на јужната копнена граница да ги блокира сите закани за националната безбедност, кои постојано се зголемуваат, а на турската војска да учествува во акции и иинтервенции надвор од своите граници и за таа цел да испраќа свои војници во друга држава, доколку тоа е потребно, се наведува во предлогот.
Имено на почеток на воената интервенција на коалицијата која ја предводат САД против ИСИС, Турција одбиваше да учествува, но сега сепак го смени мислењето.
Поради џихадистичките офанзиви во Сирија, повеќе од 160.000 бегалци побараа спас во Турција, која со Сирија ги дели граница долга 1.250 километри.
Е. Г.