Турција го критикува Извештајот за човекови права на Стејт департментот

Од:

Турција денеска го критикуваше Извештајот за човековите права на Стејт департментот.

– Турција е длабоко разочарана од Извештајот. Тој е полн со тврдења и обвинувања во делот кој се однесува за нашата земја, кои не може да бидат прифатени, пишува во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението натаму стои дека и покрај интензивната борба против сериозни, многубројни терористички закани, Турција продолжува да ги почитува принципите за демократија, како и човековите права и владеењето на правото.

Во извештајот на Стејт департментот, мерките кои Турција ги презема во рамките на борбата против терористичките групи како ДАЕШ ( Исламска држава), СЗН, ПКК (Сили за заштита на народот, Курдистанска работничка партија), ФЕТО (Фетулахистка терористичка организација) и ДХКП-С ( Револуционерна партија и фронт за народно ослободување) се опишани како „пристрасни“, се вели во соопштението.

– Извештајот ја игнорира борбата на Турција против радикалната терористичка група ФЕТО, која стои зад обидот за пуч во 2016 година, се посочува во соопштението на турското МНР.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот издаде итно соопштение: „Бидете внимателни низ светот“

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

САД: Северна Македонија да го одржи духот на Договорот од Преспа

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица