Тривиќ: Додик е лажен претседател на Република Српска

Од:

Потпретседателката на Партијата за демократски напредок (ПДП), Јелена Тривиќ, опозицискиот кандидат за претседател на Република Српска на изборите во октомври, денеска во Бања Лука изјави дека Милорад Додик е лажен претседател на овој ентитет затоа што победи со изборна кражба.

Тривиќ им се заблагодари на пратениците од опозицијата во Собранието на Република Српска кои денеска одбија да присуствуваат на заклетвата на Додик, по оспорениот и контроверзен избор за претседател на Република Српска, на општите избори во Босна и Херцеговина на 2 октомври.

„Благодарна сум им на сите пратеници кои денеска одбија да присуствуваат на заклетвата на лажниот претседател, кој оствари ’победа’ со фалсификување на изборите, со помош на Централната изборна комисија (ЦИК) на Босна и Херцеговина и дел од меѓународната заедница“, напиша Тривиќ на Фејсбук.

Таа изјави дека „на лажен победник никогаш нема да му честита“, бидејќи, како што рече, „не се честита на кражба“.

„Верувам, иако денеска звучи нестварно, дека нарачателите и сторителите на организираниот криминал во делот на изборната кражба ќе бидат кривично гонети од судските институции“, додаде Тривиќ.

Додик денеска во Народното собрание на Република Српска положи заклетва за новиот мандат на претседателот на овој ентитет во БиХ. На чинот не присуствуваа пратениците од опозициските партии, Српската демократска партија (СДС), Партијата за демократски напредок (ПДП) и Движењето за правда и ред, кои го оспоруваат легитимитетот на Додик и тврдат дека тој на функцијата дошол преку изборна кражба.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пожар во семејна куќа, пронајдени три јагленосани тела

А1он

Додик: Надворешно-политичкиот сегмент на БиХ е целосно уништен

Горан Наумовски

Република Српска во вонредна состојба во очекување на пресудата за Додик

Обвинителот бара затвор за Додик и 10-годишна забрана за политичка активност

Горан Наумовски

Граѓаните уплашени на местото каде што полицијата трага по монструмот Селимовиќ: „Може да ни дојде на врата“

Додик: Босна и Херцеговина нема шанси да преживее