Трилатерална министерска средба БиХ-Србија-Турција

Од:

Министрите за надворешни работи на Босна и Херцерговина, Турција и Србија, Златко Лагумџија, Ахмет Давутоглу и Иван Мркиќ ќе се сретнат денеска во Сараево на трилатерален министерски состанок, на кој меѓудругото ќе разговараат за престојниот трилатерален состанок на претседателите на трите држави во Анкара на 14 и 15 мај, јави Анадолија.

Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека министрите ќе разговараат и за регионалната и економската соработка, добрососедските односи, евроатлантските интеграции, како и за подтотовката на трилатералниот самит во Турција.

Со цел нормализација на односите меѓу Сараево и Белград, воспоставување на добрососедски односи и регионална соработка, на иницијатива на министерот за надворешни работи на Турција во 2009 година почна одржувањето на трилатералните состаноци на шефовите на дипломатиите на трите земји.

Трилатералните средби дадоа конкретни резултати и придонесоа за мирот и стабилноста во регионот. Меѓутие резултати се именувањето на амбасдор на БиХ во Белград, усвојување на Декларација за Сребреница во српското Собрание, присуство на поранешниот претседател на Србија Борис Тадиќ на комеморацијата на жртвите од Сребреница, последната посета на претседавачот и членот на Претседателството на БиХ Никола Радмановиќ и Бакир Изетбеговиќ на Белград, нагласи турското МНР.

Би можело да ве интересира

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

ВИДЕО: Со големо полициско обезбедување, во Нови Сад се бира градоначалник

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац