Три трагедии во Грција: Три сомнителни смртни случаеви

Од:

Три лица починаа вчера на различни делови на Грција во засега неразјаснети околности.

Според крајбрежната стража, вчера пристанишните власти во Солун биле известени дека тело на жена е пронајдено во морскиот дел на пристаништето А. Жената имала околу 50-55 години, но не се познати дополнителни детали. Националноста на жртвата е исто така непозната. Прелиминарна истрага спроведува Централната пристанишна управа на Солун.

Во недела попладне, 82-годишен Грк бил пронајден во несвест на плажата Плака во Тилос. Тој бил однесен со амбулантно возило на ЕКАБ во болницата Ливади во Тилос, каде и починал, објавува Прототема.

Кратко потоа, друг грчки државјанин (88) бил пронајден починат на плажата Микиверна во Полигирос на Халкидики. Во тек е прелиминарна истрага за причината за смртта.

Би можело да ве интересира

Грците забрзано се вооружуваат

Горан Наумовски

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во Грција

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Маринакис: Грчката Влада ги следи случувањата на Блискиот Исток, не постои причина за загриженост

А1он

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски