Три млади момчиња загинаа во сообраќајка во Република Српска

Од:

Три млади момчиња загинаа рано утрово во ужасна сообраќајна несреќа што се случи на влезот во Котор Варош, кај Бања Лука, во Република Српска.

Сообраќајната несреќа се случила во близина на бензинската пумпа околу 4:50 часот наутро, а жртвите биле млади мажи.

Во несреќата учествувало едно возило, а сообраќајот на овој дел бил запрен.

Според првите информации што ги даде ATV, несреќата се случила кога патничкото возило, под неутврдени околности, излетало од патот.

Повеќе информации за причините за несреќата, идентитетот на жртвите и официјални полициски податоци се очекуваат по завршувањето на истрагата.

Би можело да ве интересира

Ќе лежи 22 години во затвор за убиство на сопругата – полицијата го пушти на слобода кога и се закануваше

А1он

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

(ВИДЕО) Нов бран разорни напади врз Украина: Најмалку осум загинати, погодени се и трговски центри

Ќерката на шефицата на кабинетот на Белата куќа фотографирана со пушка во Република Српска

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он