Нов бран невреме се очекува до крајот на денот и во текот на ноќта и ќе ја опфати практично целата земја, жителите на ранливите делови на Грција кои се под вода и кал по првиот удар на невремето „Бора“ кое усмрти три лица.
Преку апелот испратен од бројот 112 за кризни состојби, населението се предупредува да не излегува од домовите, да не влегува во возила бидејќи пороите носат се пред себе.
Силен дожд пропратен со бурен ветер повторно го зафати Халкидики и однесе уште една, трета жртва. Уништени се делови од познати одморалишта во Касандра и Ситонија, морето проголта плажи, угостителски објекти, реките течеа по улиците и однесоа мостови, а уништени се и патишта.
Десетици автомобили кои водениот бран ги претвори во купишта железо спречуваат секакво приближување. Се уште дува силен ветер, над 100 км/ч, а соборени се неколку стотици дрвја.
Во овој момент силен дожд врне на северот од земјата има во Солун, градскиот сообраќај е отежнат, водата навлезе во подруми, станови… Калта и водата целосно го парализираа железничкиот сообраќај кон Солун бидејќи тунелот кај Темпа е под вода. Армијата помага да се расчисти, но новите количини вода што се слеваат од блиските ридови го оневозможуваат секој напредок.