Невремето „Океанис“ создава проблеми во Грција

Од:

Градинките, основните и средните училишта во повеќе делови на Грција денеска се затворени поради лошото време и ниските температури, додека пак на трите атински пристаништа има забрана за пловидба на дел од бродовите, јави дописничката на МИА од Атина.

Невремето од изминатите денови, кои го носи името „Океанис“ создаде сериозни проблеми во Грција.

Во северна и централна Грција, на дел од островите и во неколку атински општини градинките, основните и средните училишта денеска се затворени.

Поради силниот на атинските пристаништа Рафина и Лаврио има забрана за пловидба, додека пак од најголемото грчко пристаниште Пиреа, бродовите сообраќаат само до островите во близина на Атина.

Најниска температура од минус 14,2 степени утрово била регистрирана во планинско село во близина на градот Кожани во Северна Грција.

Во саботата, за време на фудбалскиот натпревар од првата грчка лига меѓу АЕК –Аполон Смирни, поради силниот ветер, рекламна табла падна врз фотограф од грчката новинска агенција АНА-МПА, кој за среќа е не повреден.

Во изминатите 24 часа, противпожарната служба на Грција интервенирала во 342 случаи по побараната помош од граѓаните.

Атинската опсерваторија во текот на вчерашниот ден регистрирала над 6.000 молњи во јужниот дел на Егејското Море.

Би можело да ве интересира

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско