Трамп ја номинираше Јури Ким за амбасадор на САД во Албанија

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп ја номинираше дипломатката од кариера Јури Ким за вонреден и ополномоштен амбасадор на САД во Албанија, објави Белата куќа на нејзината официјална веб-страница.

Ким, која има азиско-амерiканско потекло од Гуами, е член во високата служба за наворешна полтика, а работела во Стејт департментот како директор на Канцеларијата за прашања за Јужна Европа. Претходно била директор во Стејт департментот за студии за дипломатија, шеф на кабинетот на заменик државниот секретар и директор на Канцеларијата за европска безбедност и политичко-воени работи.

Таа исто така била специјален асистент на помошникот државен секретар за Источна Азија и Пацификот и член на делегацијата на САД во шестопартиските разговори за ставање крај на нуклеарната програма на Северна Кореја.

Била политички советник во американската амбасада во Багдад и Анкара.

Зборува кинески, јапонски, корејски и турски.

Амбасадорите ги номинира претседателот, а ги потврдува Сенатот на САД.

Американската амбасада во Тирана од август минатата година е без амбасадор, откако си замина амбасадор Доналд Лу.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски