Трамп: Договорот ќе ги направи Србија и Косово помирни и побезбедни места

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп оцени денеска на потпишувањето на договорот за економска нормализација на Белград и Приштина дека беше потребна голема храброст на лидерите на Србија и Косово да го финализираат овој договор.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Авдулах Хоти, попладнево во Вашингтон потпишаа договор за нормализација на економските односи меѓѕ Белград и Приштина, на кој потпис стави  и претседателот на САД.

– Овој договор ќе ги направи овие две балкански земји подобро и побезбедно место, изјави Трамп,

Тој потенцира дека овие земји сакаат подобра економска соработка во регионот и изрази верување дека тие ќе напредуваат во не толку далечна иднина.

– Сега е кампања во мојата земја, но ние сме горди што овие двајца големи лидери и нивниот народ се задоволни. Ова е навистина историски ден и ајде да го потпишеме и започнеме овој процес, рече Трамп.

Американскиот претседател додаде дека Србија ќе ја премести својата амбасада во Израел – во Ерусалим, а дека Косово и Израел ќе воспостават дипломатски односи, како дел од преговорите со посредство на САД.

– Економијата може да ги зближи луѓето и тоа е она што се случува тука, моите луѓе завршија фантастична работа, оцени Трамп по потпишувањето на договорот.

Советникот на американскиот претседател за национална безбедност, Роберт О’Брајан, по потпишувањето на договорот, оцени дека ова е првиот чекор кон нормализирање на економските односи и дека некои од темите се однесуваат на граничните премини меѓу Србија и Косово, економските односи, признавањето на дипломите и дозволите.

Специјалниот пратеник на претседателот за мировните преговори меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел рече дека сите се свесни дека процесот е заглавен долго време. – Се боревме за симболични работи, рече Гренел и додаде дека Трамп зборувал од самиот почеток да се покрене економијата.

Тој посочи дека следната година ќе се видат нови работни успеси и работни места.

Би можело да ве интересира

Трамп: Зеленски е подготвен да го предаде Крим на Русија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Откриен дел од разговорот меѓу Трамп и Зеленски на средбата во Ватикан

Трамп бара бесплатен премин за американските бродови низ Панамскиот и Суецкиот канал

Катерина Ѓуровски

Зеленски по средбата со Трамп: Ви благодарам, ова може да е историска средба

Трамп: Големата отстапка на Москва е што Русија не ја окупира цела Украина

Трамп: Украина е виновна за војната, но Крим останува руски