Трагедија во Србија: Едногодишно девојче се удави во гумен базен

Од:

Вчера на улицата Ленинова во Змајево кај Врбас се случила трагедија кога настрадало девојчето Д.А (1), објави српски „Блиц“.

Родителите без знаци на живот го донеле бебето во Општата болница во Врбас, а според мајката Ц.К.(31), девојчето пливало во гумен базен длабок околу 25 сантиметри со братот (7) и сестрата (3).

Таа изјавила дека во еден момент синот влегол од дворот во куќата и рекол дека сестричката влегла во базенот и не дишела.

На телото немало траги на насилна смрт, а на телото на несреќното девојче е наредена обдукција и земање примероци од урина и крв на родителите. За настанот е известено Вишото јавно обвинителство во Сомбор.

Би можело да ве интересира

Маж од Неготино се удави во Охридското Езеро

Пронајден машки труп во водите на Вардар, утврден идентитетот

Странски турист се удави попладнево во Охридското Езеро

Во вештачкото езеро Глажња пронајдено телото на 29-годишниот локален жител

Четврти ден се трага по исчезнатиот во езерото Глажња

Жена од Ресен се удави во водите на Охридското Езеро

Горан Наумовски