Трагедија во Мостар: Ги гледаше скоковите од Стариот мост, падна и почина

Од:

Педесет и петгодишна жена од Мостар почина синоќа во кантоналната болница „Д-р. Сафет Мујиќ“, откако вчера била тешко повредена при пад од карпите во реката Неретва, јавува „Дневни аваз“. По падот итно била пренесена во болница каде и биле констатирани повеќекратни скршеници.

Како последица на тешките физички повреди, настанале компликации поврзани со нејзината здравствена состојба. Доктор Мехмед Хазнадар, раководител на Одделот за анестезија, реанимација и интензивно лекување, потврди дека мерките за реанимација започнале во 21 часот. Сепак, жената им подлегнала на повредите.

Жената седела во градина на ресторан со поглед на мостарскиот Стар мост. Се претпоставува дека во одреден момент се лизнала и паднала. Неколку пати удрила во карпите, по што паднал во Неретва.

Благодарение на брзата реакција на Мостарската интервентна спасувачка служба, која се грижи за безбедноста на натпреварувачите, жената со брод е префрлена до возилото на Брза помош, а потоа во болница, каде после неколку часа почина.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем одрон кај Мостар: Се истражува како дошло до несреќата во која има и повредени

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина