Граѓанин на Велика Британија починал од повредите со кои се здобил вчера скокајќи со падобран од вијадуктот Лимска Драга, извести денеска истарската полиција.
Полицијата во Ровињ добила дојава дека 53-годишен државјанин на Велика Британија е повреден додека скокал со падобран. Британскиот државјанин им подлегнал на повредите во болница.
Од полицијата известија дека продолжуваат со утврдување на сите околности на настанот, со што е известено и надлежното државно правобранителство.