Траект со втора група мигранти тргна од Грција кон Турција

Од:

Траект со 45 мигранти го напушти денеска грчкиот остров Лезбос и се упати кон турскиот брег, што е втора таква група која Грција ја префрла во Турција, согласно спогодбата, која Анкара ја постигна со Европската уија со цел спречување на масовната нерегуларна миграција кон Европа.

Сите 45 мигранти се од Пакистан, а од Лезбос тргнаа со турскиот траект „Лесвос“, изјавија претставниви на грчката полиција.

Планирано е претпладнево да исплови уште еден брод, кој до Турција ќе пренесе поголема група мигранти, околу 80, јави грчката државна телевизија.

Грчката Влада информира дека станува збор за луѓе, кои не барале азил во Грција.

– Секој, кој ќе поднесе барање за азил се елиминира од листата, изјави претставник на грчката Влада.

Тројца активисти, кои се борат за заштита на човековите права се уапсени изутринава, откако скокајќи во вода се фатиле за сидрото на траектот, обидувајќи се да го спречат неговото испловување.

Уште дваесетина лица се собраа изутринава на пристаништето во Лезбос, извикувајќи „Спречете ја депортацијата“, „ЕУ засрами се“ и „Слобода за бегалците“.

Првата група од 202 мигранти, повеќето од Пакистан и Авганистан, беа вратени од Грција во Турција во понеделникот, што предизвика драстично зголемување на барањата за азил.

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море