Тирана сака во Јадранско- јонската иницијатива да ги види и Скопје и Приштина

Од:

Во Тирана се одржува Конфереција на претседателите на парламентите на земјите членки на Јадранско-јонската иницијатива.

Претседателот на албанскиот парламент Илир Мета,како претседавач, во своето обраќање посебно го нагласи значењето од зајакнувањето на сорабтката меѓу земјите од регионот и проширувањето на оваа иницијатива со вклучување на Македонија и на косово.

-Веруваме дека силата на оваа иницијатива лежи во европската димензија. Да ги зголемите заедничките предизвици за интеграција. Подржуваме сеопфатност, затоа бараме дел од оваа иницијатива да бидат и Приштина и Скопје, бидејќи без нив иницијативата не би била целосна, изјави Мета.

Ставот за вклучување во иницијативата и на Македонија и на Косово ја промовирал и премиерот Еди Рама, според кого еден од најголемите предизвици на иницијативата е интеграција на што поголем број земји. Во оваа иницијатива членуваат осум земји, Италија, Словенија, Хрватска, Грција, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек