Тирана ја блокираше декларацијата на ПСЈИЕ

Од:

Самитот на земјите членки на ПСИЈЕ заврши без усвоена декларација. Албанија го блокираше предлог за заедничка декларација.

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ, на заедничката прес-конференција со претседателите на Македонија и Црна Гора, Ѓорѓе Иванов и Филип Вујановиќ, објасни дека на самитот декларацијата е усвоена со консензус – на кој не се согласила Албанија.

Според неговите зборови, ова фрли сенка на успешно организираната конференција.

Заменик-министерот за надворешни работи на Албанија, рече дека и покрај добрата волја со која тој пристигнал на самитот, не може да го поддржи текстот, бидејќи не е доволно конструктивен.

Тој претходно, во својот говор го повтори ставот на Тирана за Косово, и побара да биде дозволено Косово да стане „рамноправен” член на Процесот, а потоа додаде и дека постојат различни толкувања на договорот во Брисел, но дека сигурно може да се најдат формули кои ќе овозможат Косово да учествува во регионалните иницијативи.

Единствено нешто што успееаја да се договорат шефовите е избирот на Горан Свилановиќ за генерален секретар на Советот за регионална соработка.

Би можело да ве интересира

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин