Тест на знаење за здравствените работници во Албанија

Од:

Сите лекари, медицински сестри, лаборанти и друг медицински кадар во Албанија наредниот месец ќе подлежи на тестирање, при што оние кои нема да го положат тестот ќе бидат отпуштени од работа.

Ова, како што јави дописникот на МИА, го најави албанскиот министер за здравство Илир Беќај на средба со лекарите специјалисти, на која информираше дека тестовите ќе бидат подготвени во соработка со Медицинскиот факултет.

– Со тестирањето на здравствените работници ќе добиеме чиста слика за состојбата во која се наоѓа албанското задравство и каква услуга им се нуди на пациентите, изјави Беќај.

Според него, минатата година услугите кон граѓаните бележат раст од 30 отсто споредено со претходната година.

Би можело да ве интересира

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски