Терористите во Турција пред нападот убиле маж и му го украле автомобилот

Од:

Двајца напаѓачи денеска активираа бомба пред зградите на турската влада во Анкара. Двајцата напаѓачи беа убиени, а двајца полицајци беа ранети.

На снимката од безбедносните камери до кој дојде Ројтерс се гледа како возило застанува пред главната капија на Министерството за внатрешни работи, при што еден од возачите брзо се упатил кон зградата пред да биде погоден од експлозија, додека другиот остана на улицата.

Во експлозијата загина еден терорист, додека властите го убиле другиот, рече министерот за внатрешни работи.

Говорејќи на отворањето на новата парламентарна седница неколку часа подоцна, претседателот Таип Ердоган нападот утринава го нарече „последен обид“ да се наметне терор врз Турците.

„Оние кои го загрозуваат мирот и безбедноста на граѓаните не ги постигнаа своите цели и никогаш нема да ги постигнат“, рече тој.

Бомбата на булеварот Ататурк е прва што експлодира во Анкара од 2016 година, кога серијата смртоносни напади ја погодија земјата. На видеото подоцна се гледа камион Рено паркиран надвор, со скршени прозорци, отворени врати, остатоци, опкружен со војници, амбулантни возила, противпожарни возила и оклопни возила.

Високи турски официјални лица изјавија дека напаѓачите украле возило и го убиле неговиот возач во Кајсери, град на 260 километри југоисточно од Анкара, пред да го извршат нападот.

„Двајца терористи дојдоа со лесно комерцијално возило пред влезот на Генералната дирекција за безбедност на нашето МВР и извршија бомбашки напад“, изјави Али Јерликаја, министер за внатрешни работи.

Тој додаде дека во инцидентот полесно се повредени двајца полицајци.

„Нашата борба ќе продолжи се додека не се неутрализира последниот терорист“, рече тој, повторувајќи ја осудата на другите турски претставници.

Полицијата соопшти дека извршила контролирани експлозии на „сомнителни пакети“ во други делови на Анкара. Властите не идентификуваа ниту една конкретна милитантна група.

Би можело да ве интересира

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

(ВИДЕО) Трагедија во Турција: Загина четиричлено семејство

Осомничениот за нападот во Москва е приведен во Бодрум

Горан Наумовски

Во Париз: Автомобил усмрти едно лице, двајца се тешко повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Турција го лансираше првиот комуникациски сателит

(ВИДЕO) Невообичаено светло над Истанбул: Граѓаните вознемирени, се огласи вселенската агенција

Предраг Петровиќ