Телохранител на Ердоган се самоуби, во прошталното писмо напиша дека го малтретирале шефовите

Од:

Припадникот на Службата за претседателско обезбедување во турското Министерство за внатрешни работи, Мехмет Али Булут, денеска е пронајден мртов во својот стан, а полицијата го третира случајот како самоубиство, јавуваат турските медиуми.

Колегите на Булут го откриле неговото тело кога дошле во станот за да проверат зошто тој утрото не се појавил на работа, а телефонот му бил исклучен.

Тој оставил проштално писмо во кое наведува дека бил малтретиран од страна на надредените.

„Изгледа дека единствено добро умеете да ги навредувате своите вработени, да им се заканувате, да ги отпуштате, понижувате и на крајот да ги претворате во лажговци. Секој човек има свое достоинство и не можев да ги трпам тие зборови,“ напишал Булут.

Телохранителот на претседателот споменал две лица, со иницијали Ц.Б. и А.О., на кои им порачал: „Посакувам добро да се однесувавте кон своите вработени и да ги прашавте како се.“

Обезбедувачот исто така посочил дека не сака никој од неговите шефови да присуствуваат на неговиот погреб, освен еден шеф на полицијата.

Во турскиот Парламент, претставниот на опозициската Републиканска народна партија Мурат Бакан поднесе барање до министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу да одговори на прашањето колкумина полицајци извршиле самоубиство во изминатите месеци, споменувајќи ги и полицајците Халил Акал и Етем Дамдевирен, кои си ги одзедоа животите во јануари, односно на почетокот на месецов. И во нивните случаи имаше назнаки дека причината за самоубиството е односот на надредените офицери и функционери во полицијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Драма на стрелиште во Белград: Маж се заклучи и се заканува дека ќе се самоубие

Горан Наумовски