Телефонски разговор на Ципрас и Јилдирим за бегалците

Од:

Управувањето на бегалските текови беше тема на телефонскиот разговор меѓу грчкиот премиер Алексис Ципрас и неговиот турски колега Бинали Јилдирим, пишува весникот „Катимерини“. 

Разговорот бил на иницијатива на шефот на турската Влада. 

Според дипломатските извори, и двајцата се согласиле дека договорот за бегалците меѓу ЕУ и Турција постигнал многу, што се гледа од цифрите. Мината година пристигнувањето на бегалци и мигранти беше околу 7.000 на ден, а сега нивниот број е значително намален, и се движи околу 100 лица на дневно ниво. 

Врз основа на овие податоци, беше истакнато дека реализацијата на договорот за бегалците треба да продолжи.

Ципрас и Јилдирим се согласиле дека е неопходно поголема контрола врз бегалските и миграционите текови поради работата на шверцерите од двете страни на границата. 

Во врска со тоа, се предвидува грчкиот министер за миграциона политика Јанис Музалас наскоро да ја посети Турција со цел засилување на соработката меѓу двете земји. 

Се очекува ова прашање да биде разгледано и за време на претстојната посета на турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Атина.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто