Телата на деветмина мигранти исфрлени на брегот кај турското летувалиште Ајвалик

Од:

Телата на девет удавени мигранти, меѓу кои има и деца, денеска беа исфрлени на брегот на турското летувалиште Ајвалик во Егејско Море, пренесоа американските медиуми.

Турската агенција Доган информира дека телата на мигрантите биле најдени рано утринава на брегот во Ајвалик, од каде мигрантите тргнуваат со чамци кон грчкиот остров Лезбос.

Турската крајбрежна стража почнала потрага по преживеани. Осум мигранти се спасени.
Агенцијата во видео снимка покажа тело, се уште со спасувачки појас, кое спасувачите го вадат од морето.

Во моментов нема информации за националноста на мигрантите.

Околу 850.000 мигранти и бегалци во текот на 2015 година го пресекоа Егејско Море, плаќајќи им на шверцерските групи и банди во нивните небезбедни чамци да ги превезат од Турција до Грција, потсетуваат американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто