Таткото на еден од осомничените за убиството на малата Данка: Не се однесуваше чудно, не ни зборуваше за исчезнувањето на девојчето

Од:

Уапсените Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ се во притвор. Според обвинителството тие се осомничени дека со автомобил ја удриле малата Данка Илиќ, а потоа телото го однеле на депонија, одалечена неколку километри од местото, каде го фрлиле.

– На 04.04.2024 г. година, во 07:00 часот, по наредба на Вишото јавно обвинителство Зајечар, задржани се Ј.С.(1974) од с.Лука и Д.Д.(1974) од с.Злот. За Ј.С. поради постоење основано сомнение дека на 26.03.2024 год го одзеле животот на Данкa Илиќ (2022) и сториле кривично дело тешко убиство од чл. 114 став 1 од КЗ во однос на член 33 КЗ. Вишото јавно обвинителство Заечар презема мерки за прибавување и обезбедување на доказите потребни за водење на кривичната постапка против осомничените за наведеното кривично дело, а јавноста навремено ќе биде информирана за натамошниот тек на постапката, велат од обвинителството

Таткото на еден од убијците на малата Данка Илиќ (2) од Бор, останал во шок откако неговиот син бил уапсен на работното место.

Информер успеа да стапи во контакт со Радослав Драгијевиќ од село Злот, кој се претставил како татко на осомничениот. На прашањето дали е вистина дека неговиот син Дејан е приведен поради сомнение дека учествувал во убиството на девојчето Данка Илиќ, тој одговорил дека знае само дека син му е уапсен.

-Дејан е уапсен на своето работно место и тоа е се што знам за тоа. Само што тргнав кон полиција да добијам повеќе информации – вели Радослав.

Според него, неговиот син Дејан не се однесувал чудно последните денови, ниту пак зборувал за исчезнувањето на Данка.

– Цел град зборуваше за тоа девојче, но тој не обрнуваше многу внимание на тоа. Се однесуваше нормално, не забележав ништо необично на неговото лице – нагласи тој.

Тој додаде дека не сака да зборува за убиството на Данка Илиќ и дека допрва ќе дознае каква улога имал неговиот син во тоа.

Радослав за српски Телеграф изјавил дека тој и неговиот син живеат во иста куќа, но дека не поминуваат многу време заедно.

– Наутро излегува од дома, навечер доаѓа. Не знам ништо повеќе за ова додека не го видам“, накратко изјави Радослав.

Таткото на осомничениот Дејан ни вели дека лично не го познава Срѓан Јовановиќ, кој исто така е осомничен за убиството на Данка. Знам дека се познаваат од работа, јас не го познавам“, рекол таткото на осомничениот Драгијевиќ.

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот на осомничените за убиството на Данка – телото на девојчето се уште не е најдено

Анита Петровска Рајковиќ

Истражителите од случајот „Данка“ ги чекаат резултатите од вештачењето на ДНК материјалот

Горан Наумовски

Осомничените убијци на Данка одат на психијатриско вештачење

Правна игра на таткото на убиецот на малата Данка, сега бара нов адвокат

Родителите на Данка плачеа додека дава исказ во Обвинителството

Родителите на убиената Данка: Се е лага, монструмите се уапсени, но се уште не ја знаеме вистината