Таинствениот син на Еди Рама: Земјотресот му ја уби девојката, а тоа не е единствената несреќа која му се случила во животот

Од:

Грегор Рама, син на албанскиот премиер Еди Рама, вчера потврди дека меѓу бројните жртви во земјотресот во Драч била и неговата девојка. И самиот Еди Рама едвај ги задржа солзите кога новинарите го прашаа за оваа трагедија. А тоа не е прва несреќа која му се случила на младиот сликар.

За време на кампањата пред парламентарните избори во 2013-та година, Рама го објави 15-минутниот документарен филм „Рама за иднината“ во кој отворено говореше за настаните кои му го обележале животот наведувајќи дека најтежок му бил оној момент кога дознал за болеста на својот син.

Рама одлучи за прв пат да раскаже за јавноста за шокот кој го доживеал кога на Грегори му бил дијагностициран рак.

– Тоа е најстрашниот момент кој морав да го пројдам во најтемните длабочини во себе, за да пронајдам сила да се смеам, комуницирам и да ја работам својата работа. Ноќите беа полни со солзи додека мојот син се бореше против смртта во своето тело. Се соочувавме со нешто непознато кое еродираше во сите нас, раскажа Рама

Остатокот на приказната во документарецот ја заврши Грегор кој говори за охрабрувањето кое му дал татко му за да го преброди тешкиот период и да го победи туморот на тестиси.

– Ја добив дијагнозата кога бев кај вујко ми во Америка. По експерименталната хемотерапија се излечив, откри тој.

Рама редовно го посетувал својот син додека бил на лечење во Америка, особено во 2009-та година кога ситуацијата се влошила.

Грегор од борбата искочил како победник, но животот му зададе уште еден удар. Телото на неговата девојка Кристи Реци, студентка на Медицинскиот факултет во Тирана, извлечено е од урнатините во Драч, заедно со телата на членовите на нејзиното семејство.

Медиумите потсетија дека синот на албанскиот пермиер секогаш се држел настрана од медиумското внимание, па веста за смртта на неговата девојка пројде незабележано се до моментот кога тој ја сподели својата тага на социјалните мрежи.

Грегор Рама дипломираше на Ликовната академија во Тирана, следејќи ги стапките на својот татко слика, како и на дедото, кој е познат албански вајар. Роден е кон крајот на осумдесетите во првиот брак на Еди Рама со актерката Матилда Макоци.

Во малкубројните интервјуа кои ги има дадено Грегор, тој секогаш истакнувал дека неговата мајка е „личноста која ја сака најмногу“. Со татко му повеќе го поврзува уметноста отколку политиката во која никогаш не се мешал.

– Сакам луѓето да проценат кој сум врз основа на тоа што ќе насликам, а не на основа на моето презиме, изјави тој минатата година, на отворање на својата изложба.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек