[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]
Поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ изјави дека одлуката за добивање датум за почеток на преговори за членството во ЕУ, пред се зависи од Германија.
Тадиќ изјави дека одлуката за датумот ќе се знае во февруари, бидејќи во текот на месецов ќе дознаеме дали администрацијата на германската канцеларка Ангела Меркел, ќе упати иницијатива до Бундестаг за одобрување почеток на предговори за Србија.
-Дали ќе добиеме датум за преговори или ќе добиеме нешто што личи на датум за преговори, што во нашата јавност ќе биде претставено како големо остварување, а не суштинско остварување, ќе видиме – нагласи Тадиќ.
Тој објасни дека луѓето кои што се занимаваат со политика, ги занемаруваат случувањата во другите држави, а една од најважните е изборниот процес во Германија, во септември оваа година.
Зошто инсистирав на распишување на избори? За да добиеме датум за преговори што е можно побргу. Затоа што влезот во изборната кампања во Германија, како и во секоја друга држава ќе ја намали веројатноста да добиеме датум – објасни Тадиќ.
Тој додаде дека инсистирал изборите да бидат во мај и дека си го скратил претседателскиот мандат, затоа што до крајот на 2012 година Србија имаше можност да го реши проблемот со кој се соочуваа, прашањето за Косово.
Мојата намера беше да излезам со план во четири точки, за да добиеме датум за преговори и да го решиме проблемот со Косово – изјави Тадиќ.