Тачи: По договорот меѓу Македонија и Грција, на ред е оној меѓу Косово и Србија

Од:

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека по договорот што го постигнаа Македонија и Грција, сега е ред истото да го направат и Косово и Србија.

Тачи во интервју за телевизијата Клан Косова изјави дека меѓународната заедница очекува од двете земји да постигнат договор и дека Косово не смее да создава потешкотии во тој процес.

– Ние не треба да создаваме потешкотии изненадувајќи ги Европската унија и САД. Ниту Србија нема право да го отежнува процесот на дијалогот за нормализација на односите. Процесот на дијалогот ќе започне и ние треба да имаме мошне динамични заложби кои бараат решителност, изјави Тачи.

Косовскиот претседател го поздрави формирањето на преговарачкиот тим од страна на Собранието на Косово и нагласи дека тој има целосен легитимитет.

– Сега преговарачкиот тим е избран од Собранието и ние треба да го поддржиме, бидејќи го има легитмитетот. Затоа денес никој не може да се жали за недостиг на легитимитетот во преговорите со Србија, изјави Тачи.

Тој порача дека „многу вода ќе протече низ реките додека да се смири крвта меѓу Косово и Србија“, но дека Косово сега треба да се фокусира на својата стратешка цел – зачленувањето во НАТО и ЕУ.

– Тоа е масовна волја на граѓаните на Косово и ние таа можност не треба да ја изгубиме во ниеден момент, рече Тачи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: По драматична потрага пронајдени петтемина исчезнати во Србија, ги немаше четири дена

Катерина Ѓуровски

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: „Имам добри вести“-директорот на српскиот клинички центар за состојбата на повредените во пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ најави протести: „Народот веќе не се плаши“

Горан Наумовски

Белград: Студентите го блокираат ГСП, заглавени се 130 трамваи и 150 автобуси