Тачи: Конфликтот не смееме да им го оставиме на идните генерации

Од:

Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска оцени дека е неприфатливо идните генерации да бидат заложници на недостигот на храбост на актуелните политичари на Косово за решавање на „вековниот конфликт со Србија“.

– Мораме да размислиме за своите достигнување, предизвици и наследството што им го оставаме на нашите деца. Би било непростливо на идните генерации да им оставиме иднина во која ќе бидат заложници на политичките акти и недостигот на храброст да ставиме крај на вековниот конфликт со Србија, напиша Тачи на Фејсбук.

Според него, со взаменото прознавање меѓу Косово и Србија би започнал процес на суштинска трансформација на косовското раководство и на начинот на управување.

– Уверен сум дека по договорот ќе почне нова ера во која никој никогаш нема да може да претендира да добива гласови на сметка на недовршената политичка борба со Србија. На Косово му е потребна оваа трансформација. Ефикасни институции и власт фокусирана на реформи, економски развој и социјална благосостојба. Тоа им го должиме на нашите деца, потенцира Тачи во објавата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: По драматична потрага пронајдени петтемина исчезнати во Србија, ги немаше четири дена

Катерина Ѓуровски

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: „Имам добри вести“-директорот на српскиот клинички центар за состојбата на повредените во пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ најави протести: „Народот веќе не се плаши“

Горан Наумовски

Белград: Студентите го блокираат ГСП, заглавени се 130 трамваи и 150 автобуси