Тачи ќе побара отворање на канцеларија за врски во Приштина и во Белград

Од:

Шефот на косовската дипломатија Енвер Хоџај изјави дека премиерот Хашим Тачи на средбата со српскиот колега Ивица Дачиќ на 17 јануари ќе побара отворање на канцеларија за врски во Приштина и во Белград, а претставниците на двете држави да имаат дипломатски имунитет.

Хоџај истакна дека се работи на тоа Косово да има свој амбасадор во Србија.

– Ние интензивно работиме Косово да има свој амбасадор во Србија и канцеларија за врски. Тоа ќе биде официјално именување. Очекуваме и Србија да испрати свој преставник во Косово, истакна Хоџај.

На последната средба во Брисел двајцата премиер се согласија Приштина и Белград да имаат по еден свој претставник за врски, но Дачиќ посочи дека не се договориле за отворање на канцеларија за врски.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Со големо полициско обезбедување, во Нови Сад се бира градоначалник

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац