Тачи: Ќе ја прифатам поканата на Србија за дијалог

Од:

Премиерот на Косово, Хашим Тачи изјави дека пропаѓањето на договорот не е опција ни за Србија, ниту за Косово и додаде дека ќе ја прифати поканата за продолжување на преговорите со Белград, дознаваат белградските медиуми.

-Останувам решен и подготвен да ја прифатам секоја покана за заеднички состанок во Брисел, која би дошла од високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон – изјави Тачи за „Блиц“, и додаде дека до сега Косово направи повеќе отстапки и остана конструктивно во напорите да дојде до договор и дека сега е време Србија да стане прагматична.

Владата на Србија, по седницата вчера попладне едногласно го отфрли понудениот предлог за договор помеѓу Белград и Приштина, бидејќи со него не се загарантирани правата на Србите на Косово.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ми“

А1он

ВИДЕО: Принц од Врање оди на Евровизија

ВИДЕО: Со големо полициско обезбедување, во Нови Сад се бира градоначалник

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ