Тачи: Дијалогот помеѓу Приштина и Белград се поставува на претседателско ниво

Од:

Дијалогот помеѓу Приштина и Белград ќе биде поставен на претседателско ниво, изјави косовскиот претседател Хашим Тачи за „Дојче веле“.

– Фокусот на разговорите ќе биде во поширока политичка рамка, која ќе има за цел да се постигне спогодба којашто би водела кон добрососедски односи, нормализација, помирување и соработка… Кој и да ја формира новата влада во Косово, ќе треба да се осврне на формирање Заедница на српските општини, и на решавање на прашањето околу демаркирањето на границата со Црна Гора, рече тој.

Како што пренесува БТА, Тачи натаму ги повторува острите критики кон Европската Унија за нејзиниот пристап кон Косово.

– Не се откажувам од ништо што сум го кажал претходно. Не ја критикувам ЕУ, туку сум загрижен за нејзиното одлагање на (развојот на односите со) Косово и другите балкански земји. Тоа одлагање и празнината произведоа мноштво неевроантлантски идеи во нашиот регион, додава тој.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац

Сијарто: Санкциите за НИС не се проблем само за Србија, туку за цела Централна Европа, Унгарија е подготвена да помогне