Свобода: Реално е пристапниот процес за Србија да заврши до 2020 година

Од:

Шефот на пратеничката група на социјалдемократите во Европскиот парламент, Ханес Свобода оцени дека е реално Србија пристапниот процес за членство во Европската унија да го заврши до 2020 година.

Тој во изјава за „Вечерње новости“ порача дека сега приоритет за новата Влада би требало да бидат економските реформи.

– Акцент треба да се стави на борбата против корупцијата и создавањето терен за нови инвестиции, а потоа и на подобрување на односите со сите соседи, вклучувајќи го и косовското прашање. Тие две работи, економските реформи и добрите односи со соседите всушност одат рака под рака, бидејќи се неопходни и ќе се проценуваат во процесот на пристапните преговори на Србија со ЕУ, нагласи Свобода.

Тој наведе дека смета оти е невозможно преговорите за членство на Србија во ЕУ да завршат во 2018 година, како што претходно се сметаше.

– Преговорите денес подолго траат, а останаа и уште многу отворени прашња. Но мошне се радуваме поради тоа што разговорите меѓу Белград и Приштина напредуваа и доколку го поместиме рокот од 2018 на 2020, тоа би било можно, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија