Свилановиќ: Најголема грижа за Балканците е како да најдат работа

Од:

Многу истражувања покажуваат дека најголема грижа на граѓаните од балкнаските земји е како да најдат работа или како да ја задржат, изјави денеска во Сараево генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Горан Свилановиќ.

– Токму тој проблем е суштината на она со што треба да се занинава политиката, порача Свилановиќ на обраќањето на Интерпарламентарната конференција на тема „Економското управување и создавањето нови работни места во ЕУ и во земјите аспиранти за членство“, органиизран од Европскиот парламент и Советот за регионална соработка.

Спорд Свилановиќ, економијата и политичарите можат да помогнат за промена на состојбите во регионот, да го олеснат товарот на приватниот бизнис и да го направат јавниот сектор поефикасен.

Тој најави дека Советот за регионална соработка во иднина ќе се насочи на создавање услови за признавање на дипломите за стручни квалификации од земјите од регионот и за либерализација на пазарот на услуги.

Романскиот европартеник Теодор Думитру Столојан во обраќањето на собирот ја нагласи потребата од поинтензивна регионална соработка, бидејќи како што речи сите земји на Балканот се со средно ниво на приходи, со мал број жители и мали економии.

– За да обезбедат одржлив развој, малите земји од Балканот мора да станата конкурентни и да се ориентираат кон извозот, без кој не ќе можат да успеат, додаде Столојан.

Според него, најважни приоритети на балканските земји треба да бидат спроведувањето на структурните реформи на државните институции, почитувањето на владеењето на правото, борбата против корупцијата и обезбедувањето фунционален пазар на трудот.

Дводневната конференција во Сараево е дел од програмата на Европскиот парламент за поддршка на собранијата од државите аспиранти за членство во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Граѓаните на Македонија јадат најмногу благо во регионот

(ВИДЕО) Им сечеле глави на кучиња и ги замрзнувале: Страшни снимки од прифатилиште за животни во Србија

А1он

(ВИДЕО) Хорор од Белград го шокираше светот: Уапсен татко кој брутално ја претепа својата ќерка тенисерка на тренинг

А1он

Курти за „Ла Република“: Постои опасност од нова војна меѓу Косово и Србија

А1он

Мицотакис за прислушувањето на Андрулакис: Погрешно беше, не требаше да се случи

А1он