Свечља: Шест лица се уапсени

Од:

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља изјави дека косовската полиција при денешната акција на Косово открила поголема количина оружје.

„Подготовките беа за масовен напад врз косовската полиција и косовските институции“, рече тој.

Свечља тврди дека се работи за терористичка група составена од неколку криминални групи, но додаде и дека некои се идентификувани како припадници на цивилната одбрана, пренесува Коха.

Тој рече дека во акцијата во Бањска биле убиени тројца напаѓачи, додека шест лица се уапсени.

Косовската полиција по изјавата на министерот соопшти дека надлежните полициски единици го уапсиле вториот напаѓач, кој исто така бил во воена униформа и вооружен со пушки и муниција.

Мисијата КФОР соопшти дека продолжува внимателно да ја следи ситуацијата во Бањска, како и дека нејзините војници се присутни во областа и се подготвени да одговорат доколку е потребно.

Како што се наведува во соопштението, косовската полиција има примарна одговорност за менаџирање на инцидентот на терен и додава дека командантот на мисијата е во близок и постојан контакт со сите меѓународни инстанци, вклучително и ЕУ, началникот на штабот на вооружените сили на Србија и институциите во Приштина, како и интензивно работи на изнаоѓање решение.

Би можело да ве интересира

Оклопни возила на косовската полиција тргнаа кон Јариње-доаѓале моторџии од Србија

Предраг Петровиќ

Едномесечен притвор за Србинот уапсен на „Јариње“

Горан Наумовски

Косовска полиција: Три пати бевме нападнати на пат кон Брњак, одговоривме на нападот

Косовска полиција: Нема повредени во денешните инциденти во Зубин Поток и во Косовска Митровица

Во Косово запален автомобил на Србин, припадник на косовската полиција

А1он

Двајца браќа од Косово се обиделе да киднапираат две малолетни девојчиња: Се уште се трага по едниот

А1он