Суспензија за четворица полицајци на Косово по ранувањето на Милан Јовановиќ

Од:

Косовската полиција денеска во врска со ранувањето на Србинот Милан Јовановиќ на северот на Косово соопшти дека четворица нејзини припадници се суспендирани.

Ова го соопштија неколку часа откако косовската полиција излезе со соопштение во кое тврдеше дека никој од нивните полицајци не бил вмешан во ранувањето на Милан Јовановиќ синоќа кај мостот Бистрица кај Звечани.

Во соопштението на косовската полиција се наведува дека како резултат на интензивна истрага со надлежните полициски единици од регионално и централно ниво, со цел што поскоро расветлување на овој случај, овозможено е да се добие докази кои укажуваат на можна вмешаност на полицаецот во престрелката.

„По добиените информации и докази преземени се мерки за суспендирање на полицискиот службеник бидејќи не го пријавил случајот и неговото учество во случајот, поради што косовската полиција издала известување дека не бил вклучен во размената или пукање со огнено оружје. Исто така, преземени се мерки за суспензија и против уште три можни службени лица инволвирани во случајот“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски