Суспендирани петмина од Жандармеријата на Србија поради претепувањето на братот на премиерот

Од:

Во нишкиот одред на Жандармеријата суспендирани се пет припадници кои учествувале во интервенцијата во која беше претепан Андреј Вучиќ брат на српскиот премиер, објавија белградски медиуми.

Информацијата за Данас ја потврди Миленко Божовиќ, командант на жандармеријата кој додаде дека во тек е истрага.

Освен МВР на Србија за тој случај води и воената полиција и Воено-безбедносната агенција.

Министерот за внатрешни работи Небијша Стефановиќ изјави вчера дека истрагата за претепувањето на братот на премиерот Александар Вучиќ наскоро ќе биде завршена и оти јавноста ќе биде запозната со деталите.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија